

ISO 9001:2008
претставува систем за управување со квалитет. Целта на овој стандард е обезбедување квалитет на работните процеси, производите и услугите кои ги извршува една организација, односно компанија.
При имплементација на ISO 9001:2008 се преземаат следните чекори:
- Определување и дефинирање на политика за квалитет во рамките на организацијата
- Дефинирање на цели за постигнување квалитет
- Дефинирање на одговорности и овластувања во организацијата
- Обезбедување ресурси кои се неопходни за посакуваниот квалитет
- Задоволување на потребите и барањата на клиентите
- Постојан мониторинг и развој на стратегии за подобрување на услугата
Придобивките од имплементација на овој стандард се следни:
- Исполнување на барањата и потребите на клиентите
- Ефикасност при работењето (загубите, неуспесите и неусогласеностите се сведени на минимум).
- Одговорноста и свесноста на вработените е на највисоко ниво
- Можност за натпревар на иста основа со поголеми организации
- Можност за развој на организацијата и освојување нови пазари
- Подобро искористување на времето и ресурсите
- Правилна идентификација на производот
- Зголемен профит
- Континуиран мониторинг и унапредување на квалитетот и ефикасноста.
П.И „Кристал 1923“ АД Велес го имплементираше ISO 9001:2000 во 2007 година, а во 2014 се ресертифицираше со ISO 9001:2008.
HACCP
HACCP (Hazard Analysis and Critical Control Points) е систем за анализа на опасности и критични контролни точки. Со примена на HACCP системот се врши идентификација на потенцијалните опасности и спречување на нивната појава со цел заштита на потошувачите од труење со храна.
Придобивки од HACCP системот:
- Фокус на идентификација и превенција на опасностите
- Поефективна и поефикасна работа
- НАССР системот лесно се прилагодува на напредување на опремата, подобрување на технолошкиот развој и производствениот процес
- Ги подобрува односите меѓу производителите на храна и инспекторите за храна, но и меѓу производителите и купувачите/клиентите
- Ја поттикнува трговијата со зголемување на довербата помеѓу производителите и трговците
- Ги исполнува очекувањата и барањата на купувачите
- Ги намалува бариерите во меѓународната трговија и ја зголемува конкурентноста на компаниите на светскиот пазар
- Обезбедува долгорочно одржување на квалитетот
- Лесно се интегрира со системите за управување со квалитет ISO 9001 и системите за управување со животна средина ISO 14001.
Лесно се интегрира со системите за управување со квалитет ISO 9001 и системите за управување со животна средина ISO 14001.


HALAL
HALAL е арапски збор кој означува „се што е дозволено“ кај муслиманите по Шеријатското право. HALAL барањата се изведени од Куранот и шеријатот, кој пропишува што е халал, а што е харам. HARAM означува спротивен термин или она што не е дозволено. HALAL стандардот е комплементарен со НАССР системот и со ISO 22000:2005. Овој стандард, при производството на храна, забранува употреба на: свинско месо, крв, алкохол, месо од мртви животни, ѕверови, магаре, куче, птици грабливки; храна која се подготвува со алкохол, храна која содржи емулгатори врз основа на свинско месо или животинска маст и др. Најголем број од барањата на HALAL стандардот се идентични со HACCP системот и ISO 9001 стандардот. Нашата команија го доби HALAL сертификатот во 2014 година. Овој сертификат за нас е уште една потврда дека произведуваме здрава и безбедна храна која ги исполнува и потребите на муслиманската заедница. Со добивање на овој стандард ние го интензивиравме извозот на соседните пазари во Косово, Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.
