Кристал е еден од најпрепознатливите и најсилните брендови во прехранбената индустрија во Македонија. Споменувањето на името Кристал веднаш асоцира на маслото за јадење и маргаринот коцка на ПИ „Кристал 1923“ АД Велес. Станува збор за бренд со долгогдишна традиција, кој асоцира на квалитетни производи. Производите Кристал биле составен дел од кујните на нашите баби и нашите мајки, а сега се задолжителна намирница во нашите кујни. Едноставно, користењето на производите од брендот Кристал се пренесува од генерација на генерација.

Денеска дел од брендот Кристал се најголем дел од производите на ПИ „Кристал 1923“ АД од Велес. Покрај добро познатите масло за јадење и маргарин коцка, името Кристал со гордост го носат и софт маргарините, неколкуте вида оцет, кондиторските производи, зачините, производите од соја, какаото, оризот, таанот, шеќерот во прав и уште дваесетина други прехранбени производи.

Иако брендот Кристал веќе многу години е поставен на цврсти темели, ние постојано работиме и инвестираме во негово надоградување и развивање. Кристал значи користење квалитетни суровини во процесот на производство. Кристал значи строго почитување на меѓународните стандарди за квалитет. Кристал значи негување на традицијата. Кристал значи достапност до потрошувачите. Кристал значи квалитетна и модерна амбалажа. Со еден збор Кристал значи доверба. Затоа по толку години постоење и постојано развивање мислиме дека КРИСТАЛ заслужено стана ВЕРЕН ПРИЈАТЕЛ НА ВАШАТА КУЈНА.